Испечати

Брза пита со спанаќ

Брза пита со спанаќ

Состојки

  • 4 јајца
  • 100 мл. млеко
  • 100 мл. масло
  • 1 лажичка сол
  • 200 гр. исечкан спанаќ
  • 200 гр. бело сирење (издробено)
  • 300 гр. брашно
  • 2 пецива
  • по потреба за посипување сусам, чиа семе, ленено семе (од Натура)

Подготовка

Питава ја сретнав на интернет, ја испробав и ви ја препорачувам да си ја подготвите.
1. Пуштете ја рерната да се загрева и почнете со подготовка.
2. Со жица се матат јајцата, се додава маслото и млекото, потоа солта и пак се меша.
3. Претходно треба да ни е подготвен спанаќот, измиен и исечкан, сирењето издробено и сето се меша со лажица.
4. Во просеаното брашно се додава и пецивото и сето заедно се додава во претходново и се меша додека се изедначи смесата.
5. Смесата се става во тавче бр.26, се посипува одозгора со сусам и семиња, се пече на 200 степени 30 до 40 минути.

Забелешка
Јас употребив замрзнат свеж спанаќ, при ставање го кршев со раце.
Тавчето на делимано го подмачкав само малку со масло, а ако немате користете хартија за печење, или помастете и набрашнете го вашето тавче.