Браунис Фантазија
Пригответе го тестото според упаството од мешавината за браунис со какао лушпи од Фантазија.
Садот во кој ќе печите премачкајте го со путер, по можност со прсти, за да ги опфатите сите делови. (јас користев сад со димензии 20x15) и истурете ја смесата во садот. Јас ставив и неколку чоколадни капки од Фантазија ми останаа од предходниот колач.
Се пече во загреана рерна на 180 за време од 20 мин.
Се остава да се излади.
Го подготвуваме чоколадниот ганаш
Во сад ја загреваме слатката павлака, но не и да зоврие, ја ставаме сецканата црна чоколада и промешуваме до соединување. Истурете го филот врз изладениот браунис и нанесете рамномерно.
Наросете со шарените трошки за декорација на Фантазија.
Оставете го така околу 2 часа.
Исечете на парчиња и сервирајте
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови