Бомбици со слатка павлака и аранчини
Во сад за матење слатката павлака цврсто ја уработуваме со шеќерот. Бисквитите и оревите ги мелеме. Сите состојки ги додаваме во садот и со раце добро ги промешуваме да добиеме хомогена смеса. Со раце оформуваме бомбици во форма на топчиња големина по желба.
Ги валкаме во мелени ореви или во кокос.
Оставете ги неколку часа да одстојат во фрижидер или на студено место, добро да се спојат состојките. Наредниот ден се уште повкусни. Миризбата и вкусот од аранчините ги прави да имаат посебен вкус. Ви ги препорачувам слободно да ги направите. И благодарам на Лилјана за нејзиниот рецепт за аранчините, почнав да си ги користам и импровизирам со нив во разни десерти одлично се вклопуваат. Ви посакувам добар апетит.
Лиценца: Сите права се задржани