7
дек
2015
Бомбици со лут пипер
1. Брашното, какаото, циметот, пиперот, солта и пецивото ги промешуваме.
2. Омекнатиот путер, шеќерот и ванилинот ги матиме со миксер за да добиеме пенеста смеса. Потоа го додаваме јајцето и пак ги матиме сите состојки.
3. Во смесата полека го додаваме брашното и го промешуваме со лажица и на крај го додаваме исецканото на мали коцки чоколадото. Тестото го ставаме во најлонска фолија да отстои во фрижидер 30 минути.
4. Од тестото се прават топчиња во големина на орев и се валкаат во претходно измешаните цимет и шеќер.
5. Бомбиците се печат во загреана рерна 8-10 минути.
Кога бомбиците напукнуваат одозгора рерната се исклучува, се оставаат да стојат уште 2 минути и се вадат од рерната.
Лиценца: Сите права се задржани