Овие бомбици се ептен лесни за подготовка, а се одлични и како енергетска ужинка додека сте на плажа. Од вас зависи дали ќе ги подготвите уште од дома или пак додека ви трае одморот.

Подготовка
Ананасот од конзерва ситно го сечкаме и сите состојки ги промешуваме со лажица. Правиме бомбици и ги валкаме по желба, во кокосово брашно, чиа семе, чоколадни трошки и сл.

Забелешка
Јас снегулките од пченка или корнфлексот ги додадов сосема случајно, бидејќи смесата што ја подготвив некако ми беше ретка , а немав веќе бисквити, со тоа што ги здробив на повеќе ситни парченца.
Како и да е, со ваквите рецепти секој пат може да се калкулира со состојките. Ако си ги правите од дома користете го сечкото, за бисквитите, ананасот, па и за мелење на корнфлексот.
Ако немате мелени бисквити, ставете ги во кеса и поминете ги неколку пати со сукало или шише, што ви е при рака.
На моиве дома ептен им се допаднаа бомбиците валкани во чиа семе, така да едвај спасив некое за фотографирање.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани