Штолен е божиќен сладок леб кој потекнува од Германија и прв пат бил направен 1329 годин. Се правел со обично тесто- брашно,масло,квасец и шеќер, а подоцна рецептот се усовршувал и добил поинаква димензија.ЦХРИСТОССТОЛЛЕН во превод значи мал Исус во повој затоа и начинот на кој се оформува лебот потсетува токму на повој. Има повеке рецепти за Штолен, некои се со ролат од марципан на средина, некои се со суви кајсии, но скоро секој штолен содржи суво грозје, кандирана кора од портокал и лимон и бадеми (јас не користев бадеми туку ореви бидејки повкусни ми се)
Карактеристично за овој леб е што се прави неколку недели пред Божиќ, колку повеке стои толку е поубав, се поврзуваат вкусовите и е помек и поароматичен. Ви предлагам да го направите бидејки е многу вкусен и долго трае (повеке од месец)
Се ставаат сувото грозје во рум да киснат околу 30мин најмалку, потоа се цедат на кујнска крпа дури го подготвуваме тестото)
Прво се активира квасецот-се става квасецот во млака вода со 1 лажица шеќер и 2-3 лажици брашн. Оваа смеса убаво се меша и се остава 20-30мин убаво да се запени. Потоа се додаваат другите состојки (сите на собна температура)и се меси мазно и меко тесто (се меси убаво околу 10-15мин)
Се става во сад, се покрива со најлонска фолија и се остава да стои на топло околу 1 час додека убаво не нарасне).Откако убаво ќе нарасне  се додаваат сувото грозје, каднираните кори од портокал и лимон, оревите. Се месат убаво низ тестото, се дели тестото на два дела и се остава да стои уште 20мин. Со помош на сукало се развлекува кора правоаголна, на средина се остава потанко тестото, по страните подебело (да наликува на уста) а потоа се витка (види дополнителна слика). Домакинките во Германија имаат посебни калапи за овој леб. Двете лепчиња се оставаат да стојат 20мин пред да се печат. Се печат во загреана рерна на 180степени околу еден час.
Откако ќе се испечат се премачкуваат со путер, се наросуваат со поголема количина на шеќер во прав. Путерот и шеќерот во прав ке го заштити лебот од сушење. Откако убаво ќе се изладат се виткаат во најлонска фолија и се чуваат на ладно место.
СРЕЌЕН БОЖИК!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови