Божиќен колач-куглоф
Прекрасен колач кој може да се направи пред неколку дена и спремно да чека да ја збогати Божиќната трпеза.
1. Јајцата се делат жолчки од белки. Шеќерот се мати со путерот (стоен на собна температура) додека да се стопи шеќерот, се додаваат жолчките, солта и румот. Се изедначува убаво.
2. Во поголем филџан се меша содата бикарбона и топлата вода, се додава сокот од портокал кој ќе создаде реакција, се меша и се додава во изматените жолчки.
3. Постепено се додава брашното и се мати.
4. Настрана се матат белките до цврст снег и заедно со оревите, лешниците, брусицата и сувото грозје се додаваат во претходната смеса. Се меша со шпатула додека да се изедачат сите состојки.
5. Смесата се истура во намастениот со путер калап за куглоф.
6. Се печи првин 10 минути во загреана рерна на 150 степени, а потоа уште 2 часа на 125 степени. За посигурно се проверува со чепкалка.
7. Испечен колачот се остава 10-тина минути во калапот, а потоа се превртува во чинија, изладен се декорира со сребрени светки или по желба.
Во оригиналниот рецепт се става сок од 1 лимон, но бидејќи мене не ми се допаѓа вкусот на лимонот во печени колачи, ставам сок од портокал кој ми е вкусен во се. Суво грозје треба да е 250 грама, но како јас ја обожавам брусницата, ја заменив за 200-те грама суво грозје.
За многу години да е најрадосниот празник Божиќ !!!
Лиценца: Сите права се задржани
Go molam urednistvoto za korekcija, prostete za propustot :)
Mnogu ubav kolacov!