Боем коцки
Старите добри Боем коцки, на сите добро познати, вкусни, сочни, буквално залакот се топи во уста.
1.Кората се подготвува стандардно. Се матат белките со сол, па ванилите. Шеќерот се додава постепено, на крај брашното помешано со Несквикот и пецивото и кога тоа ќе се изедначи, ги додавам миксот од орeв и лешник. Се печи во загреана рерна на 180 околу 15-20 мин..
2.Се остава кората да излади, па се сечи по должина на две и попречно уште на две, за да се добијат четири кори. Краевите се отсекуваат. Се попрскува со по малку млеко.
3.За филот се матат жолчките со ванилата, се додава брашното, нишестето и млеко колку да се добие течна смеса. Остатокот од млекото се зоврива со шеќерот. Потоа се вари како пудинг на умерен оган околу 10 мин., со постојано мешање. Се остава да се излади со повремени промешувања и на крај се спојува со изматениот путер.
4. Финална постапка - Филот се дели на 4 дела, со тоа што едниот дел е помалку, бидејки е за мачкање одгоре во танок слој. Кора-фил-кора-фил-кора-фил-кора-малку фил. Се остава убаво да се излади и стегни колачот на ладно, некаде околу 3 часа. А, потоа се полева со глазура.
5. За глазурата над пареа се топат сите наведени состојки и изедначуваат. Малку да се олади, па се полева колачот. Се украсува по желба и се сечи со претходно поминат нож под млаз врела вода и избришан.
Уживајте!
Среќна Нова Година и сите престојни празници на сите Вас!
п.с.Филот подобро е да се свари прв, за да добиеме на време, бидејќи треба да се лади.
Лиценца: Сите права се задржани