9
ное
2020
Бовчички од палачинки
Една идеја за мезе или вкусен појадок.
Првин ја правиме смесата за палачинки од сите состојки.На намастена тава ги печеме палачинките.
Шунката и кашкавалот ги сечеме на коцки.Земаме една лажица од киселата павлака и ставаме на средина на палачинката.Врз павлаката ставаме од коцките шунка и кашкавал.Замотуваме бовчичка и ја врзуваме со магдонос,млад кромид или едноставно со помош на чачкалици.Ги ставаме во плех и врз секоја капнуваме по малку маслинов зејтин.Ги запекуваме кратко во рерна(околу 5 минути).Едноставно и вкусно.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови