Во огноотпорен керамички сад го ставаме кечапот и половина од биеното сирење кое треба да е рендано или дробено.
Врз сирењето ја ставаме павлаката, па редиме сувомесен производ по избор или тоа што имате дома.
Потоа дробиме или рендаме уште еден слој биено сирење. Печеме во загрезана рерна на 200 степени дваесетина минути. Го додаваме кашкавалот и печеме уште 10 минути.
Фурнаринки
Готовото тесто за пица го полеваме со маслиново масло, го зачинуваме и го засекуваме на ленти меѓутоа не сечеме до крај.
Го печеме според упатството.
*мерките се за една порција, односно за едно лице.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови