Печено јагне во фурна на дрва
Прво да кажам дека јас учествував во помалиот дел, учествував во неговото сервирање и дегустирање.
Имено, вчерашниот прекрасен ден го искористивме за дружба со нашите пријатели од Прилеп.
Домаќините ни приредија прекрасна гозба со ова печено јагне во домашна фурна на дрва.
Е, ај сега за начинот на подготовка.
Прво јагнето убаво се мие, па се наросува со сол, масло, зачин, рузмарин.
Убаво се измачкува и внатрешноста на јагнето.
Се става во голем плех, се става малку вода и се покрива убаво со фолија.
Фурната треба да е добро загреана, но со среден оган, да не биде премногу силен.
Така се печи околу 3-3,5 часа.
Потоа се вади фолијата, со четка се премачкува со сопствената течност што ја пуштило и се пече отворено околу 1-1,5 час.
Се превртува и од другата страна да зарумени околу 1-1,5 час.
Значи вкупно време за подготовка е околу 5-6 часа, се во зависност од големината на јагнето.
Ова беше јагне од 20 кгр.
Е сега следува најслаткиот дел, сервирање и дегустирање на испеченото јагне, на кое му се јадеа и коските.
Уште еднаш поздрав до добрите домаќини во Прилеп –Роми и Митко.
Лиценца: Сите права се задржани
ke vikam drug pat
pozzzzzzzz