Испечати

Биено сирење во фурна

Биено сирење во фурна

Состојки

  • 150 гр биено сирење
  • 2 лажици кечап
  • 3 лажици кисела павлака
  • 100 гр сувомеснато по избор
  • 100 гр кашкавал
  • Фурнаринки
  • 1 готово полупечено тесто за пица
  • 3 лажици маслиново масло,сол,оригано и мешан зачин

Подготовка

Во огноотпорен керамички сад го ставаме кечапот и половина од биеното сирење кое треба да е рендано или дробено.
Врз сирењето ја ставаме павлаката, па редиме сувомесен производ по избор или тоа што имате дома.
Потоа дробиме или рендаме уште еден слој биено сирење. Печеме во загрезана рерна на 200 степени дваесетина минути. Го додаваме кашкавалот и печеме уште 10 минути.
Фурнаринки
Готовото тесто за пица го полеваме со маслиново масло, го зачинуваме и го засекуваме на ленти меѓутоа не сечеме до крај.
Го печеме според упатството.
*мерките се за една порција, односно за едно лице.
На здравје!