21
дек
2012
Бело топло чоколадо со тиква
Во огноотпорен сад ставете ги сите состојки, освен чоколадото и загрејте ги до степен на вриење со повремено мешанње на средна температура.
Додадете го чоколадото предходно искршено на коцки и мешајте додека убаво не се стопи.
Добиената смеса истурете ја во чаши и по желба декорирајте ја со шлаг пена и уживајте во оваа пријатна и вкусна зимска напивка.
Забелешка
Доколку сметате дека не ви е благо, додадете уште ванилин шеќер или обичен шеќер, или пак обратно, намалете од наведените ванила шеќер.
Лиценца: Сите права се задржани
Инаку, тоа што се приметува на сликата како жолто е моја грешка, бидејќи сакав уште малку пире од тиква, па го додадов откако се свари. Ако се придржувате кон рецептот пирето убаво ќе си се спои во варењето :)
П.С.: црешата беше за декорирање:) и многу непослушна беше... пропаѓаше :)