Испечати

Бело топло чоколадо со тиква

Бело топло чоколадо со тиква

Состојки

  • 600 мл млеко
  • 220 гр пире од тиква
  • 100 гр бело чоколадо
  • 3 ванила шеќер
  • прстофат сол
  • 1/2 лажичка цимет
  • 1/2 лажичка ѓумбир
  • 1/4 лажичка мускатно оревче
  • шалг пена за декорација

Подготовка

Во огноотпорен сад ставете ги сите состојки, освен чоколадото и загрејте ги до степен на вриење со повремено мешанње на средна температура.
Додадете го чоколадото предходно искршено на коцки и мешајте додека убаво не се стопи.
Добиената смеса истурете ја во чаши и по желба декорирајте ја со шлаг пена и уживајте во оваа пријатна и вкусна зимска напивка.

Забелешка
Доколку сметате дека не ви е благо, додадете уште ванилин шеќер или обичен шеќер, или пак обратно, намалете од наведените ванила шеќер.