13
мај
2015
Бела торта со јагоди
Една лесна и превкусна освежителна торта.
Хопата се мати со шеќер во прав.
Желатинот се припрема, се раствора во 2 лажици вода и кога е растопен, се додава во јогуртот и се меша убаво.
Јогуртот полека се додава во изматената хопла и истовремено се мати со миксер.
Во калап за торта се реди еден ред бисквити натопени во млако млеко. Врз нив се става еден слој од кремот, а врз кремот сецкани јагоди, па повторно дел од кремот, па јагоди,...
На крај се завршува со еден ред бисквити натопени во млеко.
Тортата во калапот се остава во фрижидер некоку саати или преку ноќ, за да се здрви убаво филот.
Се украсува по желба.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови