Пандишпан
Во длабок сад се матат 10 белки со 400 грама шеќер и едно лажице алкохолен оцет.
( оцетот се додава постепено при крајот за да се добие цврст снег )
Смесата се става во подмачкан плех со зејтин и се обложува со хартија за печење.
Се пече на 150 степени, 20 минути.

Фил 1
Жолчките се мешаат со 3-те лажици шеќер, ванилата и 3-те лажици брашно.
Потоа се додава 400 мл млеко и оваа смеса се готви на пареа, додека кремот не се згусне.Се остава да се олади.

Фил 2
Мелените ореви се полеваат и мешаат со едно неполно филџанче млако млеко.

Фил 3
Путерот се меша со шеќерот во прав.

Сите 3 фила се соединуваат за да се добие хомогена смеса.
Откако пандишпанот се оладил, се сече на 3 ленти и се филува со добиениот хомоген фил.
На крај се мата 2 шлаг крема.

Си ја украсувам со рендано темно чоколадо.( по желба )
Ова подготвена торта воедно ќе ми биде и роденденска, за во среда....

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови