Баунти чоколадца
Совршени,одлични,превкусни...поубај дури и од купечките се овие баунти чоколадца.
Подготвени со многу малку состојки даваат совршен вкус.
Во сад го ставаме кокосот, го додаваме шеќерот во прав и млекото во прав.
На крај го додаваме кондензираното млеко. Ја месиме смесата и ја обликуваме како правоаголник.Чоколадцата може да ги формирате и со рака.
Ја оставаме смесата во фризидер да олади околу половина час.
Во меѓувреме го топиме млечното чоколадо а смесата со остар нож ја сечеме на правоаголници.
Секое парче убаво го полеваме со чоколадо од сите страни.
На крај чоколадцата ги декорираме со стопено темно чоколадо.
Оставаме да се стегне чоколадото и уживаме во вкусот.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови