Банички од готови кори
Еве еден рецепт за убав доручек или вечера. Може би некој од вас веќе постирал ваков или сличен рецепт, но еве ја мојата верзија.
Јајцата со павлаката и маслото убаво ги матите со миксер на слаба брзина, и после го додавате пецивото и повторно мешате.
За фил можете да користите опционално (1) блитва исецкана обарена со изрендано сирење или (2) шунка, кашкавал или некоја друга верзија, или пак од се по нешто.
Секоја од корите ја премачкувате со смесата ( јајца,павлака, масло и пециво) и на крајот од кората го ставате филот и ја завиткувате како цигара и после ја свиткувате или како полжавче, наочари или 8-ка.
Ги редите на плех со мрсна хартија и одозгора ги премачкувата повторно од смесата и наросувате со сусам.
Баничките се печат во загреана рерна на 200С додека убаво да поцрвенат.
Послужувате со кисело млекце или јогурт.
Излегуваат толку банички колку што има кори во пакувањето.
Јас на овие не ставив сусам , од практична причина, моето мало синче сака по цела куќа да се движи и јаде па да неморам да собирам сусам од подот насекаде.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови