Баклава со мак и нутела
1. Јајцата со шеќерот се матат како за торта. Се додава зејтинот, киселото млеко, макот(измешан со пр. за пециво) и ванилите и внимателно се се измешува, да стане еднолична смеса.
2. Се подмачкува правоаголно тавче и се става првата кора, на која вишокот и се превиткува кон внатре. Се мачка со филот, се става другата кора, исто се превиткува, само од другата страна и пак се мачка со филот. Така се редат корите со филот додека се потрошат. Само најгорната кора не се премачкува. Се сече на коцки и се става во загреана рерна на 220 ст Ц. Штом се стави, се намалува Т на 200 ст Ц и се пече 20-25 мин.
Додека се пече, се прави шербетот. Јас, лимонот добро го мијам и го ставам исечен на коцки, а од како шербетот е готов, го вадам. Шербетот е готов, кога ќе зоврие да се вари 7 мин.
Се вади баклавата од рерна и жешка се прелива со врел шербет. Се покрива и се остава да се излади.
Ова е една од омилените баклави кај нас(уф, а која не е!). Може да се прави место со мак, со ораси(тогаш се става 400 гр ораси) и со кокос. За проба, јас ставив две лажици нутела и излезе супер. Било како да е направена, одлична е.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
vo omileni ke ceka na proba pozzz