10
мар
2021
Афион мафини со китникез
1. Јајцата со шеќерот се матат до згуснување. Се намалува силата на миксерот најниско и се додаваат прво течните, па сувите состојки.
2. Во калапот за мафини се ставаат хартиени корпи. Во секоја се става по 2 лажици од смесата. Врз смесата се става по пола лажиче китникез или ако немате, заменете го со поцврсто слатко од дуњи.
Благо притиснете со лажичето и од страните земајте и покријте го со смесата одозгора.
3. Печете на 170С околу 18на минути.
4. Стопете го чоколадото со маслото и кога малку ќе подоладат мафините извадете ги од калапот и макајте ги во стопеното чоколадо.
Лиценца: Сите права се задржани
Мафинките испаднаа феноменални во сета комбинација. Како ме мрзеше кекс да спремам, бев ги осмислила за носење во комнинирање на 3 во 1 и плус малку дотерување на количините на состојките.
Китникез правам скоро секоја година по рецепт овде на ЛилиН
https://moirecepti.mk/post/%E2%80%9C-%D1%81%D0%B8%D1%80%D0%B5%D1%9A%D0%B5-%E2%80%9C-%D0%BE%D0%B4-%D0%B4%D1%83%D1%9A%D0%B8
секогаш испаѓа совршен, но годинава дуњите не стасав на време да ги спремам, па дека органски скапаа внатре и го работев без мера и со доза на мрза, па не го допржив и ми испадна како густо слатко :)))
иначе полнежот секако можи со што сакате, па и со успешен китникез на парчиња или слатко од дуњи некое погусто. Секако, се двоумев со вкусот на јаготки, но секако било кој да е ќе е одличен