Испечати

Афион мафини со китникез

Афион мафини со китникез

Состојки

  • 2 јајца
  • 100 гр шеќер
  • 1 пакетче лимон шеќер
  • 50 мл масло
  • 75 мл јогурт
  • 150 гр брашно
  • 1/2 пакетче прашок за печење
  • 50 гр афион
  • 6 лажички китникез (или цврсто слатко од дуњи)
  • 75 гр чоколадо + 5 лажици масло

Подготовка

1. Јајцата со шеќерот се матат до згуснување. Се намалува силата на миксерот најниско и се додаваат прво течните, па сувите состојки.

2. Во калапот за мафини се ставаат хартиени корпи. Во секоја се става по 2 лажици од смесата. Врз смесата се става по пола лажиче китникез или ако немате, заменете го со поцврсто слатко од дуњи.
Благо притиснете со лажичето и од страните земајте и покријте го со смесата одозгора.

3. Печете на 170С околу 18на минути.

4. Стопете го чоколадото со маслото и кога малку ќе подоладат мафините извадете ги од калапот и макајте ги во стопеното чоколадо.