Ангач - стар ерменски рецепт
Прво замесете ги јајцата со јогуртот, малку сол и брашно.
Тестото се остава мекичко, потоа се остава да одмори додека си направите шербет.
Поделете го тестото на 4 топки и потоа сучиме кори кој треба да се тенки, се наросува доста брашно.
Сечете правоаголничиња и секое стегајќи по средината од двете страни како панделка или од двата краја како лодчица. Се пржат до златна боја во повеќе масло, добро е да има уште две раце во помош, бидејќи стануват многу брзо. Ако има многу брашно по нив ги исчеткајте да не прегорува брашното.
Од тавата директно се слагат во шербетот кој е уште малку топол и стојат до следната порција. Сирупираните (во наборите да има сируп) ставајте ги во широко тенџере или тепсија и наросете со мелени ореви. Покријте со капак. Траат повеќе од еден месец во многу ладна соба. Треба да отстојат барем еден ден. Не дека и крцкави не може да се консумират
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови