Американски макарони ( мек енд чиз )
Ова е рецепт од вујна ми од Америка. Морам да кажам дека макароните се многу сочни и многу се вкусни, одма ги снемува.Тоа се всушност познатите МЕК ЕНД ЧИЗ ( макрони со кашкавал) кои многу ги јадат во Америка, а овај рецепт е домашна верзија. Кај нас се познати како макарони со бешамел сос. Еве ја и мојата верзија.
1. Најпрво ги вариме макароните според упатството на кесичката, но да не се преварат. Додека се варат макароните го подготвуваме сосот.
2. Во тенџерче на многу тивок оган го налеваме млекото, додаваме сол, бибер и мускатно оревче и промешуваме. Треба малку да замлачи и го додаваме маргаринот исечкан на мали коцки и мешаме со жица да се растопи. Потоа го додаваме брашното ( има слика на какви рамни лажици мислам да нема забуни) и мешаме нон стоп со жицата. Сосот го готвиме околу 5 минути треба да се згусни повеќе од пудинг и потоа го додаваме и кашкавалот ( но оставаме малку за наросување одгоре).
3. Откако и кашкавалот ке се растопи сосот е готов и го истураме кај макароните. Ако ви се гледа многу густ не плашете се така треба да биде ( имам слика кај мене каков беше).
4. Убаво ги промешуваме макароните со сосот и ги префрламе во намрсен огноотпорен сад и одгоре го додаваме останатиот кашкавал. Може да се додадат и мали парчиња сланина, врат, сушени домати или ако сакате нешто друго, јас моите ги наросив со презла.
5. Печеме во загреана рерна на 200 степени околу 10-15 минути убаво да се запечат.
Прекрасни се додека се топли и многу заситуваат. Со оваа количина можат да се најадат 4-6 луѓе.
Се надевам дека ќе ги пробате и чекам ваш коментар.
На здравје!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
ubavo podgotveni