Американски палачинки (со оцет)
Млекото и оцетот се оставаат 5 мин. да одстојат. Во друг сад се мешаат сувите состојки. Во млекото се додава јајцето и стопениот путер. Убаво се промешува и се додава на измиксаните суви состојки. Сега, сето тоа заедно добро се измешува. Треба да се добие густина како онаа за кекс. Доколку сметате дека ви е густо, спрема наведените состојки, дотурајте по малку вода или млеко, додека не се добие посакуваната густина.
На не така силна температура, прво се загрева тавчето, па се премачкува со парче путер и во него се истура со кутлача лажица од содржината. Кога ќе се појават меурчиња на горниот дел на палачинката, време е да се преврти. На другата страна се печи најмногу пола минута.
Готовите палачинки добро одат со овошје и прелив, но и со некој крем нема да погрешите.
Добар апетит!
Лиценца: Сите права се задржани
иако имаше едни многу интеренси на вкус со спрајт се правеа :)