Американски кекс со чоколадо
Ги матиме со миксер двата маргарини со шеќерот и ванилата, потоа се додаваат и јајцата па матиме се додека не се соединат состојките. Пецивото и сода бикарбоната го мешаме со брашното и пополека се додаваат во претходната смеса. Мешаме со лажица, а кога ќе стане погуст материјалот се меси со рака тестото (треба да лепи малку тестото). На крај се додаваат оревите, грозјето и чоколадото. (Грозјето и оревите се по желба, може да ставите повеќе или помалку). Убаво се меси тестото за да се распоредат добро последниве состојки. Може да одстои некои 20 мин. за поубаво да раздојде. Ваѓаме со прсти парчиња од тестото во зависност од тоа колкава големина сакаме да бидат и се редат на плех обложен со хартија за печење. За да бидат пооргинални не мора да имаат некоја посебна форма, ама може и да ги обликувате. Се печат на 250’С околу 15-20мин. во зависност од големината.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови