Чоколадни американски палачинки со салса од горко чоколадо
Во сад за матење изматете ги јајцето и шеќерот со жица за матење, додадете ги останатите состојќи и матете додека смесата не стане мазна.
Во тава за палачинки на тивок оган додавајте по две рамни лажици од смесата, печете ја палачинката додека на површината се појават меурчиња па свртете ја со помош на кујнска лопатка да се печи и од другата страна околу една до две минути. Испечената палачинка префрлете ја во чинија и повторете ја операцијата додека не ја потрошете смесата.
Во тава на оган додедете го млекото, кога ќе зоврие додадете го чоколадото и мешајте додека не се растопи. Отстранете ја тава од оган и оставете ја салсата да се излади.
Палачинките послужете ги со овошје и салсата од горко чоколадо.
Лиценца: Сите права се задржани