Многу едноставна и брза торта за подготовка. Одлична идеја за роденденски подарок во последен момент.
Јајцата со шеќерот се матат со миксер околу 5 минути. Се додаваат маслото. водата и млекото и повтотно се мати со миксер околу минутка. Се гаси миксерот, се додаваат брашното и какаото и се меша со спатола.
Смесата се става во тава за печење и се печи на загреана рерна 180 степени околу 20 минути.
Во тава на оган се додаваат водата и шеќерот за шербетот и се варат околу една откако ќе зоврие, се остава да се лади десетина минути.
Со изладениот шербет се полива пандишпанот.
Во тава на оган се додаваат исецканото горко чоколадо и слатката павлака за ганаш додека не се растопи чоколадо и се остава да се лади дваесетина минути.
Изладениот ганаш се додава врз пандишпанот. Се декорира по желба и се остава да се лади во фрижидер околу 2 часа.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани