1. Во длабок сад пенесто ги матиме јајцата со шеќерот. Ги додаваме брашното, маслото, прашокот за пециво и млекото, па откако ќе се соедини смесата се исклучува миксерот. Смесата се става во намрсена и набрашнета тава бр. 26. Се печи на 200 степени, 30 минути. Откако ќе се излади го сечиме колачотот на коцки.
2. Започнуваме со подготовка на преливот. Во тенџере на оган ги ставаме шеќерот, водата, маргаринот и чоколадото искршено на парчиња, и промешуваме. Откако преливот ќе се соедини го нанесуваме врз исечениот колач. Го наросуваме колачот со мелените ореви. Тавата ја ставаме во фрижидер за колачот да го впие преливот и да се излади.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови