Алва со какао
Зејтинот, водата и шеќерот се ставаат во подлабок сад да зовријат.
Брашното убаво се меша со какаото и мелените ореви.
Одкако ќе зоврие се остава 3-5 минути да врие на тивко, а потоа полека се додаваат измешаната смеса од какао, брашно и ореви. Алвата се вари со постојано мешање околу 3-4 минути, а на крај може да се додаде и половина лажичка цимет. Алвата се истура во плех, се рамни со влажен нож и се остава да се олади.
Одкако ќе се олади се сече по желба, а овој пат јас ја направив со калапче и со розе прелив.
За преливот во подлабок сад се меша шеќер во прав со сок од еден лимон и се добива густа смеса во која се додава боја по желба и се премачкува алвата.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела