1.Во околу 2 л. солена зовриена вода ги вариме шпагетите околу осум до десет мнути.
2. Во меѓувреме пиперките ги сецкаме на ситни коцки, а кромидчето на мали прстени. Шпагетите ги цедиме од водата.
3. Околу 2 лаж. масло во Вок тава или во обична, загреваме. Ги ставаме шпагетите да се пржат, и потоа ги додаваме сецканите пиперки и кромидчето. Пржиме, одвреме навреме промешувајќи, и потоа додаваме 4-5 лаж. соја сос. Јајцата ги матиме настрана и ги додаваме во тавата со шпагети. Доколку сакате можите јајцата одвоено да ги пржите (претходно изматени) додека добијат златно жолта боја, зачинете и откако се готови на долги ленти исечете ги идодадете ги во шпагетите.
4. Во друго тавче загреано со масло, го пржиме пилешкото ( мисиркино, или тофу по ва[а желба) на послаби и долги лентички (како за гиро и претходно зачинети со сол и бибер ). Откако е испржено го додаваме во тавата со шпагети. Можеме да го оставиме најгоре месото или промешуваме доколку вам повеќе така ви одговара.
Најгоре додадов пармезан, иако (како додаток) не одговара можеби на азиатската кујна, меѓутоа по ваша желба можите да ставите некој полут сос како Самбал Оелек ( со лути црвени пиперчиња ) или слично. Истотака можите да менувате наместо пиперка, можи да се стави брокула. Добар апетит !!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови