Вкусно, сочно пилешко месо, во сос е мојот денешен предлог.

Подготовка:

1. Прво во загреана тава ставаме масло. Парчињата месо ги запржуваме од двете страни да заруменат.
Ги тргаме во тањир на страна. Во истата тава ги запржуваме свежите шампињони, кои се исчистени и исецкани на четвртини. Нека се пржат додека не им испари течноста. Тука го додаваме и црвениот, ситно сецкан кромид. Пржиме минута, две.
2. Додаваме брашно, многу малку запржуваме заедно. Зачинуваме. Тавата со состојките ја деглазираме со бујон и бело вино. Ги враќаме парчињата месо, додаваме целозрнест сенф и павлака или јогурт.
Јас користев грчки јогурт, така ми е повкусно. Соединуваме убаво и крчкаме на тивок оган околу 20 минути, односно додека месото се зготви.
Сервираме топол, вкусен ручек.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани