На загреано маслиново масло се пропржуваат исецканиот кромид и морков. На тоа се додаваат парчињата исецкан стек. Се пропржува малку, колку месото да ја смени бојата. Се зачинува.
На страна во една зделичка се истура павлаката за готвење и во неа се додава сос со 4 вкусови сирење. Се промешува.
Ова се истура во пропржениот стек и се остава на тивко да крчка околу 30 минути за да се спојат вкусовите. Се наросува со сецкан магдонос.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани