Одличен прилог кој може да биде и самостојно јадење
- Искостете ги копаните, намачкајте со сол и бибер. Ставете во загреан зејтин (2 лажици) да се пржат така што ќе ги ставите со кожата надолу, а потоа свртете ги. Треба да ги испржите до нивно лесно зацрвување.
- Маслото во кој се пржеа копаните исфрлете го, додадете друго масло во тавата. Нека се загрее зејтинот, ставете да се лесно запржи лукот, вратете ги копаните во тавата, веднаш додадете го буљонот, виното, јогуртот и дозволете кратко да врие додека се спои. Осолете по ваш вкус, додадете бибер и мајчината душичка.
Сервирајте со пире или ориз, а комотно може да биде самостојно јадење доколку сакате тапенди.
Напомена
Јас секогаш искостувам карабатаци, ги поделувам откако ќе ги искостам одвојувајки ги, се трудам да остане од кожата на двата дела.
Морам да ви кажам дека дупло од состојките ставам за сосот, тука спага и лукот. Кој не сака многу лук со оглед на тоа дека навидум изгледа многу, да не се грижи многу, не се многу осека.
Мајчината душичка можете свежа да ја ставите. Заради вкусот кој што го обожавам јас ставам и повеќе од неа, вие не морате.
За колку лица ќе спремате од прилогов, оценете и колку копани ќе ставите.
Откако ќе ги ставите сите состојки во тавата, наместо да се вари врз ринглата, можете да тавчето го ставите и во рерна.
Чашата е од 250мл.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани