Од сите состојки се замесува тесто кое се остава на топло да стаса. Кога тестото ќе биде стасано, од него се расукуваат неколку кори онака произволно и врз секоја се става кечап, а врз него се става рендана салама. Се витка како ролат и се сече на парчиња отприлика околу 2 см.. Секое парче се сече на половина, но не до крај, се рашируваат кон надворешниот дел.
Се ставаат готовите пунџи на намрснето тавче, одозгора може да се стави и сусам.
Се печат на 200 степени додека да заруменат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови