Кога се зачленив на Моирецепти, тоа беше некаде пред околу 2 години, разгледувајки ги рецептите. Гледав готвачи кои имаа по 100, 200,300 објавени рецепти, си помислував кога ли јас ќе стигнам до некоја таква јубилејна бројка и ЕВЕ ме!
Ова е мојот 100ти рецепт.
Зависна сум од страната и од прекрасните рецепти, се надевам дружбата ќе продолжи и понатаму и дека ќе бидеме се подобри и подобри. Како 100ти рецепт ја избрав оваа прекрасна торта, со богат чоколаден вкус, која се топи во уста.
Се матат белките со шеќерот додека не се добие цврст снег. Се додава 1 лажица алкохолен оцет. Потоа се додава маслото, брашното, пецивото па сецканото чоколадо. Смесата се става на намрсен плех и се печи во загрееана рерна на 180 степени 20 тина минути.

Во меѓувреме се подготвува филот. Жолчките се матат со брашното, 200мл млеко, 1-2 лажици шеќер, а преостанатото млеко се става на оган. Откако ќе зоврие се додаваат жолчките и се вари густ крем. Се трга настрана и се додаваат 200гр чоколадо,еурокремот и несквикот. Се остава кремот да се излади. Маргаринот се мати со шеќерот во прав пенасто и се додава кремот. Се се мати заедно додека убаво не се соединат. Испеченото тесто се сечи на 3 ленти и се филова со филот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови