Добро познатиот грчки намаз и другите наведени состојки даваат едно вкусно и декоративно предјадење.
Најнапред ја спремаме Тиро салатата.
Лукчето се гмечи, па се толчи (блендира) со малку сол додека се направи крем. Му се додава малку масленце. Сирењето се пасира со вилушка и се додава во садот со лукчето. Свежото пиперче се чисти од семките и ситно се сецка. Се додава и тоа. Можи и половина од пиперчето да ставите, зависно од тоа колку сте пријатели со лутото...))) Се наросува со мелен црн пипер, убаво се изедначува.

Сега ги додаваме и останатите состојки. Го вмешуваме јогуртот, изедначуваме, па павлаката која претходно сме ја изматиле. Се убаво соединуваме.

Варените јајца ги сечеме на четвртинки, а на половинки доматчињата. Во моментов немав Шери, така да си ставив обични...

Во високи чаши, распоредете ги смесата со сирење, јајцата и доматчињата.
Нека се изладат убаво во фрижидер, па послужете.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани