Јегер - Jegermaister
Веќе 2 сезони овој аперитив не успевав да го спремам бидејќи го промашував времето на зелените ореви. Можеби сега и јас ќе бидам таа, што ќе ви го презентира рецептот, а вие ќе успеете да го спремите дури следната година (а можеби во поладните места сепак има уште време за него, па затоа и го презентирам уште не довршен во целост. Па, како многу кои го правеле до сега биле задоволни и јас исто се надевам на таков исход)
Припремата е најдобро да се врши во поголема тегла, заради полесно мешање и цедење на крај. Кој нема и стаклено шише ќе заврши работа.
Значи, во теглата најпрво се става ракијата, зелените ореви (од кои дел можи да исечите на половинки) и шеќерот.
Вака спремената тегла се остава да стои на сонце 3 недели. Секој ден или на неколку дена се промешува.
После 3 недели, содржината се процедува и се враќа во истата тегла, предходно измиена. Се додаваат корите од лимонот и портокалот (изрендани или ситно исецкани), малку сок од лимонот и сок од половина портокал. Се додаваат и зрната кафе и стапчето ванила (ако не најдите стапче ванила, ставете 5 пакетчиња ванилин шеќер или арома од ванила во тој сооднос).
Теглата повторно се затвора и се остава да одстои уште 2-3 недели.
На крај содржината се цеди и се претура во шише.
Се служи разладено.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Љубопитна сум и сакам да го вкусам :) :)
Ова е на брзина слика, кога го процедував. Направив и уште еден со повеќе состојки, па него ќе го презентирам в година, здравје, на време. Од овој јас лично сум многу задоволна, а и оние кои го пробаа, го делат моето мислење. Еден предлог добив од дел кои го пробаа, дека за да наликува повеќе до оригиналот, можи да се додаде помалку шеќер.