За тесто

Брашното, путерот, солта и шеќерот се мешаат со миксер додека се добие смеса како лебни трошки.
Се додава јајцето и тестото се меси додека состојките не се соединат.
Се додава малку вода доколку е потребно за да се добие меко тесто.
Тестото се завиткува во најлонска фолија и се остава во фрижидер 10мин.
Откако ќе се олади, тестото се префрла на предходно набрашнета површина и се меси додека не стане мазно, се дели на два дела од кои едниот дел трба да биде поголем.
Од поголемиот дел се засукува кора (околу 30см дијаметар) се става во калап за печење предходно намачкан со масло.
Кората треба да виси на страните од калапот а нееднаквите делови се сечат со нож. (Мојот калап беше 21 см во дијаметар)

Припрема на филот

Исцедениот лимонов сок и рендана кора од лимон се ставаат во сад.
Јаболката се лупат, им се отсрануваат семките и се сечат на мали парчиња.
Парчињата веднаш се ставаат во садот со лимоновиот сок за да не ја изгубат бојата
Путерот и шеќерот во прав се ставаат во поголема тава за пржење на средна температура за да се растопат.
Во растопениот путер се додава циметот и јаболката и сите состојки за пржат околу 10мин. Добиениот фил се остава да се олади.
Се засукува и втората кора која треба да биде широка околу 20см.
Над првата кора во калапот се става оладениот фил од јаболка, а одозгора се става втората кора.
Двете кори се преклопуваат на краевите и се притискаат на страните од калапот.
Питата се става во фрижидер околу 30мин.
Откако ќе се извади од фрижидер питата се премачкува со изматено јајце со една лажичка млеко, се попрскува со шеќер во прав и одозгора се прават неколку отвори за воздух.
Се става да се пече 180степени, 30 мин.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови