Пита со јаболка
Состојки
- ФИЛ
- 1 шоља шеќер
- 1/4 шоља брашно
- 1 лајче цимет
- 1/2 лајче морско оревче
- 7 јаболка
- Тесто
- 2 јајца
- 100 мл масло
- 150 гр маргарин
- 150 гр шеќер
- 1 пециво
- 600 гр брашно
- 1 ванила
Подготовка
Подготовка
1. Најпрво се прави филот. Се сечкаат на листови јаболката и се додаваат сите состојки кои се напишани. Се остава да одмори 30 мин.
2. Се замесува тесто од состојките за тесто и се дели на 2 дела. Се расукува едниот дел во тавче бр.28 врз него се реди филот и одозгора другиот дел од тестото. Се печи на 180С-40мин.