1. Јагодите добро се мијат и по желба се сецкаат(за мармелада) или се оставаат цели(за џем). Добро се мие и бозелот и се сецкаат само цветовите без дршките.
2. Се додава шеќерот и лимонот и се вари до саканата густина. Се вари околу пола час на тивок оган.
3. Измиените тегли се ставаат во рерна да се загреат и врелиот џем се собира во топлите тегли. Добро се затвораат и се превртуваат наопаку на 5 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови