Слатко од јагоди со бозел
Неверојатен спог на вкус и мирис...
- Измијте ги јагодите и ставете ги во сад заливајки ги со вода толку колку да се покријат, додадете сок од еден лимон, оставете да одстојат околу 3 часа. Во друг сад прецедете ги јагодите, ставете во тенџерето ред јагоди ред шеќер и ке ставите така да се варат на појак оган, но не повеќе од 30 мин. за кое време и ќе го отпенувате.
- Во водата во која стоеа јагодите ставете да стојат измиените цветови од бозделот.
- Пред да е готово слаткото (десетина минути пред да се свари) додадете ги изронетите мали цветчиња и заедно со јагодите нека продолжи да се вари. Кога е готово тргнете од огнот, покријте со влажна крпа нека одседи до наредното утро кога сами ќе утврдите дали се разредил шербетот, ќе го доварите и соберете во теглички.
НАПОМЕНА
- Ништо нема да смета да заедно стојат во водата и лимоновиот сок и јагодите и бозделот и потоа заедно да се варат- јас така направив.
Лиценца: Сите права се задржани
Шетајќи ја Преспата и посетувајќи го едно од најубавите села таму Љубојно, зачекав боз патем. Скинав неколку гранчиња, онака за мерак, ама кога стасав дома и видов како јаготките тажно ми се смешкаа од фрижидер, решив да направам една мала доза ЉУБОВ :)
Поздрав драга Лиле
едно од најубавите преспански села. од таму дури си го влечкав бозот до дома хаха
голем поздрав лиле :*