23
мај
2012
Џем од јагоди и бозел
1. Јагодите добро се мијат и по желба се сецкаат(за мармелада) или се оставаат цели(за џем). Добро се мие и бозелот и се сецкаат само цветовите без дршките.
2. Се додава шеќерот и лимонот и се вари до саканата густина. Се вари околу пола час на тивок оган.
3. Измиените тегли се ставаат во рерна да се загреат и врелиот џем се собира во топлите тегли. Добро се затвораат и се превртуваат наопаку на 5 минути.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
"Бозелот (Sambucus nigra) е билка која расте на планинските места како грмушка, а наниските места како дрво, кое достигнува височина до 5 метри. Лековитите својства на бозелот се содржани во сите делови на билката: цветот, плодот, листот, кората и коренот. Тие содржат витамини А, Б1, Б2, Ц, етерични масла, горки сустанции, јаболкова киселина, сахароза и друго.
Често цветовите и плодовите од бозел се користат за припремање на чаеви, сокови, џемови, вино и слично. Бозелот е познат народен лек од многу оддамна. До крајот на 19 век на лондонските улици се продавало вино од бозелови плодови, кое им служело на работниците и патниците за освежување во текот на зимските денови. Се верувало дека гранчињата од бозел во џебот штитат од реума..." и уште многу убави работи за бозелот на овој сајт:
http://www.rak.mk/index.php?view=article&catid=33%3Aalter-drugs&id=992%3Abozel&format=pdf&option=com_content&Itemid=116
Za da se otstranat pesticidite, sitnite paraziti i voopsto necistotijata od ovosjeto, toa treba da se naprska so rastvor od:
1 casa voda
1 casa bel alkoholen ocet
1 lazice soda bikarbona.
Ovoj rastvor moze da stoi vo stakleno sise i da sluzi kako sprej.
Taka naprskano, ovosjeto stoi 5-10 minuti i posle dobro se ispira po jak mlaz voda. Za pogolema kolicina ovosje, rastvorot se naleva vo dlabok sad i vo nego se potopuva ovosjeto.
ако го наберам и исушам, па да го додадам во јаготките...смее така? :)
ps. fala mnogu na ubavoto objasnuvawe e ova mi trebase se do detal....(kako sto i sama sakam)pozzz
Ludo, ne znam, ne sum probala so susen bozel, no zosto da ne? Mirisot i kvalitetite bozelot si gi zadrzuva i so susenjeto, a toa e bitno vo slucajov.
Pozdrav na site :))