Испечати

Слатко од јагоди со бозел

Слатко од јагоди со бозел

Состојки

  • 1 кгр. јагоди
  • 1 кгр. шеќер
  • 4-5 цвета од боздел
  • 1 лимон

Подготовка

Неверојатен спог на вкус и мирис...

- Измијте ги јагодите и ставете ги во сад заливајки ги со вода толку колку да се покријат, додадете сок од еден лимон, оставете да одстојат околу 3 часа. Во друг сад прецедете ги јагодите, ставете во тенџерето ред јагоди ред шеќер и ке ставите така да се варат на појак оган, но не повеќе од 30 мин. за кое време и ќе го отпенувате.
- Во водата во која стоеа јагодите ставете да стојат измиените цветови од бозделот.
- Пред да е готово слаткото (десетина минути пред да се свари) додадете ги изронетите мали цветчиња и заедно со јагодите нека продолжи да се вари. Кога е готово тргнете од огнот, покријте со влажна крпа нека одседи до наредното утро кога сами ќе утврдите дали се разредил шербетот, ќе го доварите и соберете во теглички.

НАПОМЕНА
- Ништо нема да смета да заедно стојат во водата и лимоновиот сок и јагодите и бозделот и потоа заедно да се варат- јас така направив.