Подготовка:

1. Леќата ја ставаме во вода и ја пуштаме да се зоврие, да се повари. На црвената леќа не и треба многу варење. Таа омекнува мноу брзо, па затоа не треба да ја оставите многу да се вари. Исцедете ја убаво
2. Во сецкото исецкајте го ситно зеленчукот ( лукот,морковот, кромидот и магдоносот ) Соединете ги заедно со леќата и додајте ги јајцата. Ако се Л големина ставете едно јајце. Зачинете со мешан зачин,сол и црн бибер и додадете 1 лажица брашно.
3. Смесата која ќе ја добиете ќе биде леплива и мека, но со помош на лажица, полека формирајте ќофтиња и пржете ги во масло на тивко.
4. Готовите ќофтиња вадете ги на хартија да ја упие мрснотијата. Ние ги користевме како додаток за сендвичи.
На здравје да ви се.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови