Ќофтиња од црвена леќа
Состојки
- 1 стандарден филџан за кафе црвена леќа
- 2 јајца
- 2 кромитчиња
- 1 морков
- 4чешниња лук
- 1гранчиња магдонос
- 1лажица мешан зачин
- 1лажица брашно
- 1/3лажиче сол по вкус
Подготовка
Подготовка:
1. Леќата ја ставаме во вода и ја пуштаме да се зоврие, да се повари. На црвената леќа не и треба многу варење. Таа омекнува мноу брзо, па затоа не треба да ја оставите многу да се вари. Исцедете ја убаво
2. Во сецкото исецкајте го ситно зеленчукот ( лукот,морковот, кромидот и магдоносот ) Соединете ги заедно со леќата и додајте ги јајцата. Ако се Л големина ставете едно јајце. Зачинете со мешан зачин,сол и црн бибер и додадете 1 лажица брашно.
3. Смесата која ќе ја добиете ќе биде леплива и мека, но со помош на лажица, полека формирајте ќофтиња и пржете ги во масло на тивко.
4. Готовите ќофтиња вадете ги на хартија да ја упие мрснотијата. Ние ги користевме како додаток за сендвичи.
На здравје да ви се.