Половината од кесичката фант прелијте го со млаката вода и оставете го малку да отстои, а потоа додадете го во меленото месо. Убаво измесете и формирајте 12 ќофтиња. Ставете ги во калап за мафини и прелијте ги малку со масло ставете ги во загреена рерна на 180 степени околу 15 минуту. За тоа време подгответе ја смесата за облачињата.

Во брашното додадете јајцето, сол,млекото и измешајте да се соединат. Додадете топла вода и мешајте да добиете смеса како за палачинки. Извадете ги ќофтињата од рерната и додадете од смесата да ги опфати повеќе од половина ќофтињата и вратете во рерна уште 15 -20 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови