24
јул
2014
Ќофте од мисиркино мелено месо
Кромидот го рендаме и го додаваме на меленото месо. Кришките леб ги потопуваме во вода да омекнат. Ги истискуваме од водата и ги додаваме на меленото месо. Магданосот и лукот ситно ги сецкаме и ги додаваме во месото. Посолуваме, ставаме зачин и црн бибер. Ја мешаме смесата состојките да се соединат. Од меленото месо правиме мали топчиња и ги ставаме да се пржат на претходно загреано масло. Откако ќе ги испжиме сите во истото масло ставаме 1 лажица брашно да се пропржи. Го додаваме и пиперот и ставаме околу 250гр вода. Оставаме да зоврие и го додаваме ренданиот домат. Посолуваме, зачинуваме и топчињата ќофте ги ставаме во сосот заедно да провријат малку.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови