Во подлабок сад ставете го меленото месо. Кај мене е мисиркино, но можи било кое по избор. Изрендајте го кромидот, додадете ги зачините. Јајцата посебно разбиете ги со жица и додадете ги во смесата. Лебот, накиснете го во ладна вода и оставете го 5 минути убаво да впие. Доколку е повеќе вода, исцедете го и додадете го и него во смесата. Се убаво измесете.

Вака спременото месо ставете го врз најлон или алу фолија и расплескајте го правоаголно. Премачкајте го низ целата површина со сенф. Наредете ги саламите и врз нив изрендајте го кашкавалот.

Ставете го маслото во поголемо тавче да се загрее. За тоа време изматете ги јајцата во кои ќе го додадете мешаниот сув зачин. Испржете ги во тавата како палачинка, боцкајќи со вилушката за да пробие до дното. Пред да ги тргните од оган, додајте го одозгора ситно сецканиот магдонос. Допржете и распоредете ја кајганата врз нареденото мелено месо.

На 3 прста од почетокот од каде ќе започните со ролање, наредете ги морковите во должина. Јас користев конзервирани, но ако не можите да најдите, едноставно сварете ги добро. Со помош на фолијата завиткајте ролат. И исто така со нејзина помош, ролатот префрлате го во тава која предходно сте ја намастиле.

Јас напрвив дупла смеса од состојките за мелено месо и ги поделив на 2 ролати. Едниот само го филовав со кајганата без делот „уште за фил“. Така да ги печев во големата ростер тава и налеав една чаша вода од околу 200мл. Вие одокативно ставете околу еден прст во соодветната тава во која ќе печите.

Покријте со алу-фолија одозгора и ставете да се печи на 190С , отприлика 30-40 мин. зависно од вашата рерна. Потоа, тргнете ја фолијата и оставете го да се потпечи во исклучена рерна.

Оставете го да подолади за да можи да го исечите на убави парчиња. Вкусни се двата и топли и ладни за сервирање пред гости. Оној само со кајгана веднаш си добива компактност и додека е топол.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани