Ќофте од мисиркино мелено месо
Состојки
- 300гр мисиркино мелено месо
- 2 главици кромид
- 2 кришки леб
- 2 чешниња лук
- 1 лажиче сол, зачин,малку бибер и магданос
- 1лачица црвен пипер (за сосот)
- 1лажица брашно
- 1 поголем домат, сол ,зачин и црн бибер и вода по потреба
Подготовка
Кромидот го рендаме и го додаваме на меленото месо. Кришките леб ги потопуваме во вода да омекнат. Ги истискуваме од водата и ги додаваме на меленото месо. Магданосот и лукот ситно ги сецкаме и ги додаваме во месото. Посолуваме, ставаме зачин и црн бибер. Ја мешаме смесата состојките да се соединат. Од меленото месо правиме мали топчиња и ги ставаме да се пржат на претходно загреано масло. Откако ќе ги испжиме сите во истото масло ставаме 1 лажица брашно да се пропржи. Го додаваме и пиперот и ставаме околу 250гр вода. Оставаме да зоврие и го додаваме ренданиот домат. Посолуваме, зачинуваме и топчињата ќофте ги ставаме во сосот заедно да провријат малку.