Подготовка
ЌОФТЕ
- Се сецка ситно кромидот
- Се мешаат меленото месо, јајцето, кромидот и магданосот, со зачинува со сол, бибер, чубрика и се меси меленото месо и добро да се измеша. Се додава измиениот ориз и повторно измешајте.
- Оформете округли форми во големина која вие ја сакате.Валкајте ги вака приготвени во брашното.
БУЉОН
- Во подлабоко тенџере ставете вода и додадете го морковот, коренот и стеблото заедно со листовите целер, солта. Оставете нека зоврие.
- Во зовриената вода ставете ги ќофтињата и нека се варат се додека испливат на површината. Со решетка лажица извадете ги.
СОС
Во подлабока тавка или друго тенџере ставете да се стопи путерот или доколку користите масло - истото да се загрее. Ставете го брашното и бркајте постојано додека се запржи. Внимателно постојано додавјате од буљонот се додека не ја добиете саканата густина - односно треба да добиете ретка хомогена каша. Внимавајте да не ви се направат грутчиња, постојано мешајте.
Во посебен сад изматете ги жолчките со киселото млеко, додајте ја лимоновата киселина. Со црпалка земајте од од кашата и додајте во сосот од јајцата и киселото млеко.
Тргнете го тенџерето со кашата, во него внимателно налејте го сосот од жолчките и киселото млеко, вратете на огнот тивко да проврие - тргнете.
Послужете, на вкус ставете бибер, рендана кора од лимонот... и ви останува да уживате во овој и тоа предобар сос.
НАПОМЕНА
- Доколку сметата дека вие сте добиле прегуста каша, тогаш слободно земајте од буљонот и додадете - разредете го.
- Внимавајте најпосле - легирот (смесата о д жолчките и млекото) да не ви се направи на одвоени парчиња. Тој мора да биде беспрекорно хомоген.
- Доколку ви остане за нареден ден, не го подгревајте, префрлете го остатокот од ова вкусно јадење во тавче, ставете во загреана рерна на 180 степени, ставете одозгора рендан кашкавал потпечете околу 10 мин. колку да се стопи кашкавалот или пармезанот, сеисто, извадете, поросете со сецкани листови од целер (доколку го обожавате) или магданос и ви останува да повторно ќе имате нешто за уживање на вашето непце.
Ми останува да ви посакам добар апетит и пријатен ручек.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани